“Своевремено Битола била позната и по јавните чешми. Нив ти имало на повеќе прометни места, каде што граѓаните, особено во летниот период ја утолувале жеддта. Меѓутоа останаа само неколку. Во каква состојба се наоѓаат денеска се чини не е потребно да кажуваме. Тоа може да се види и од фотографијата на нашиот фоторепортер кој во својот објектив ја “фати” можеби некогаш најатрактивната јавна чешма кај Домот на ЈНА.
Од нејзе долго време не тече познатата ,,пелистерска вода”, а украсите од неа пополека исчезнуваат. Денеска таа единствено им служи на децата за да си ги испишуваат имињата на убавиот мермер. Се прашуваме, дали треба оваа чешма – споменик да ја заборавиме и да оставиме на забот на времето да си го стори своето?”