Здраво верни другари. Јас сум како шо знајте Љубиша Пеземеков имам 32 години и сум лингвист по професија. Така некни при еден мал разговор бев поттикнат да извршам едно мало истражување за зборот ЧЕШИТ.
Чешит е единствениот збор шо на вестите неможат да го кажат ЌЕШИТ, оти обично Ч го прат во Ќ на вестите…
Чешит е Прилепско-Битолски збор и означува некој чоек шо е многу шегобит или по Битолски матрапаз, за матрапаз во наредна прилика. Чешит е составен од два слога ЧЕ- кое настанува од придавката ЌЕ на Прилепски нормално ЧЕ и другиот слог е ШИТ-шо ни доѓа од Битолскиот збор Шитка или литературно ПРОДАВА. Шо значи Ќе Шитка, демек ќе продава( се мисли на, ќе продава финти).
Значи на Прилепски Че Шитка или скратено ЧЕШИТ, односно не е то скратено, туку тој шо ги продава финтите е Шиткаџија, или Чешиткаџија, или скратено и разговорно ЧЕШИТ,а во женски род ЧЕШИТКА. Многу луѓе го мешат со ЧАШИТКА, ама то е друг збор и означува озборувачка, а за тоа во наредна прилика. Тоа е само еден мал доказ колку е сложен нашиот јазик, колку мала измена во еден збор можи да значи сосема различно. То е пак уште еден показател за то шо комшијата мојот Радован иначе капетан по чин, војно лице од ЈНА, по потекло од Смедерево, во Македонија 35 години, уште го нема научено Македонскиот да го збора, а новиот Кинески амбасадор го научи за 4 месеци течно да го збора. Сигурно има скрипта, денес чита утре полага.
Кога сме кај овој збор,тој кога е изговорен од женска страна можи да значи ( Баш си Кул ) или пак сосема спротивно (Баш си глуп).
Испитувањето е направено на 52 испитанички, не по телефон туку лице в лице, а на тоа испитување баш се потврди горе наведеното. Како шо е добро познато секој маж мора да ја смеј жената, за таа да биде поубава и да биде вечно млада. Но некои дечки и не ги бива баш.
Негативното Чешит си, жените го изговараат на финти кои се продаваат на нивна сметка во врска со нивната шминка, нивната тежина, нивната фризура, нивната гардероба, нивните години, чевли. Ако на прво го добиеш негативното Чешит си, госпо да слези неможи да ти го попрај в печатокот ти за секогаш останваш (Баш си глуп)
Но доколку успејш да го добиеш позитивното (Баш си кул) тогаш викни ја на кафе море токмак !!!
Наравучение: Нека сите жени бидат насмеани, за секој ден да биди Пролет, ама пазете, зато шо секоја од нив сака покрај себе да има Баш кул дечко, барем во нејзините очи !!!
Поздрав …
Виктор А.К.А. Башлак