Една фотографија од битолчанецот Димитар Чунговски на која е неговиот дедо Јанко Чунгата (највисокиот со гитарата) со група битолчани со хармоника и гитари заедно се движат по Градското Шеталиште, можи да ни ја престави големината на битолските боеми, кои и за време на фашистичката окупација во 1943 г. се дуздисани, дотерани насмејани и распеани.

Оваа фотографија е најверојатно овековечена после нивниот излет на Тумбе Кафе за 1-ви Мај далечната 1943 г.

Нека ни е честит празникот и благодариме за фотографијата…