Во салата во Народниот одбор на Битолска околија, вчера имаше ретка свеченост. На Ристо Литовски стопостотен инвалид од војната и заслужен член на нашата заедница, му беше пре даден на лична сопственост и употреба. Досега во Југославиjа се пристигнати 23 вакви автомобили, автомобил “Изета” наменети исклучиво за тешките инвалиди.

На свеченоста присуствуваа претставници на власта, инвалидската организација, Сојузот на борците, Советот за социјална заштита, Cојузот на комунистите, Социјалистичкиот сојуз и др.

Од името на Народниот одбор на Битолска околија свеченоста ја отвори и на славеникот му честита со топли зборови, потпретседателот на Одборот Нико Нича. Потоа секретарот на Социјална заштита Драган Христовски, од името на Извршниот одбор му честита на Литовски и му го врачи решението со кое колата му се подарува на трајно бесплатно користење.

Моменталната вредност на овај Олд тајмер (Bmw Isetta) е над 20.000 евра.

Текст непознат извор, најверојатно Нова Македонија