“Битолската сала е многу стара и нема греење. Во есен и зима да тренираш таму е самоубиство. Кога влегуваш во салата, топката е како тула и не можеш да користиш „лепак“ затоа што е „замрзнат“.
Трениравме со термална облека, а понекогаш носевме и капи. Понекогаш немаше ниту топла вода во соблекувалните и тоа ги преминуваше сите граници.
Потоа во клубот дојде Жељко Бабиќ и со него имав разговори за продолжување на договорот. Имав одличен однос со хрватскиот тренер, но и нему му соопштив дека за мене е многу опасно да се работи во така ладна сала. Тоа се причините за моето заминување од Битола, а мора да потврдам дека Еурофарм Пелистер се разделивме на џенталменски начин“, вели Остроушко за ГОЛ. МК каде го имате неговото цело интервју во врска со заминувањето од РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР.