Некогаш, некои места мора да ги напуштиме. Едноставно да се збогуваме со сите наши најдобри и најстари пријатели, со сите места на кои сме седеле, со сите сокаци низ кои сме минувале.
Да се збогуваме со многу работи. Со основното и средното училиште, со улицата во која за прв пат сме се повредиле играјќи царица.
Со фурната пред која со минути сме го чекале топлиот леб во вечерните часови за да го поделиме со другарите.
Едноставно, во животот има моменти кога се што некогаш сме поминале мора да го оставиме. Но иако нашиот град го напуштаме, сеќавањата се оние кои остануваат.
Црно- белите фотографии кои немо многу работи раскажуваат.
Староградските песни кои градот го опејуваат.
Сите нешта што не создаваат во целина нас. Битолчани. Од некои причини приморани да заминат физички, но се уште да се тука присутни.
Во градот каде пораснале. Каде животот го поминале.
Во градот каде љубовта е најважна.
Во Градот на Конзулите.
Марија Стојановска (15) од Битола