МЕПСО додели стипендии на три студенти во втора година на насоката електро-енергетски системи на Техничкиот факултет во Битола. По тој повод м-р Ева Шуклева, генералната директорка на МЕПСО, на стипедистите Николина Димовска, Бојан Стевоски и Александар Стојкоски им ги додели договорите за стипендирање, денеска, во амфитеатарот на Техничкиот факултет во Битола. Тројцата стипендисти од МЕПСО ќе добиваат по 60.000 денари годишно. МЕПСО во периодот од четири години, во три наврати, додели стипендии на вкупно 9 студенти на насоката за електроенергетски системи на Техничкиот факултет во Битола.Во своето обраќање пред стипендистите, студентите и претставниците на факултетот Шуклева истакна:
– Наша желба е, на овој начин, да ви го олесниме патот до стекнување знаења кои ќе ги примените во вашата кариера, а својата перспектива нема да ја барате во странство туку ќе останете во нашата земја. Оваа пракса нема тука да сопре. МЕПСО останува партнер во заедничкото вложување во образованието и во создавање стручен, иновативен и квалитетен кадар од областа на енергетиката. Ќе продолжиме да вложуваме во младите луѓе со стипендирање на најдобрите
На стипендистите им честиташе и Стојанче Нусев, декан на Технички факултет Битола кој рече:
– Овие стипендии се најголема подршка токму на оние кои не прават да се чувствуваме горди. што се или биле наши студенти, кои се наш производ на пазарот на трудот и човечки капитал на нашата држава создаден на нашиот ТФБ.Нусев јавно се заблагодари на МЕПСО за донацијата на финансиски средства за изградба на фотононапонска електрична центрана од 10 kW на покривот на факултетот, за која тече постапката за обезбедување на дозволи за отпочнување со работа и додаде:
-Со овој денешен чин за доделување на стипендии и претходно споменатата донација МЕПСО е најголем покровител на нашиот факултет за што посебно сакам да се заблагодарам. Се надевам на уште многу заеднички успеси и соработки во интерес на ТФБ и МЕПСО, како и на целата наша држава.
Во име на студентите – стипендисти се обрати и Александар Стојкоски кој се заблагодари и рече:
– Оваа стипендија претставува голема чест и обврска да продолжам успешно со понатамошните студии, да ги продлабочувам и унапредувам моите вештини и знаења со цел да станам добар инженер по електротехника. Сакам да се обратам и до сегашните средношколци а идни студенти дека инженерството а посебно електро инженерството е добар избор за идна професија посебно на Техничкиот факултет Битола, рече Димовска.Извор МЕПСО
Дома бабам Битола За најдобрите тројца студенти од Техничкиот факултет Битола стипендии по 60.000 денари...