oznorWO

Луѓето како да навикнаа во
разни општествени периоди да
велат дека,,има сè – ама нема пари”. Така беше некогаш кога навистина недостасуваа предмети и продукти, така е и во денешно време, иако продавниците „тежат” од стока и тоа донесена од сите страни на светот. Реченицата постојано се повторувала: ,,Има сè, ама нема пари”.

Некогаш навистина иако немало сè преку вештите битолски трговци се снабдувала стока донесена од многу меридијани, од далеку побогати држави и земји. Во битолскиот Архив тоа постои импосебна документација во која може да се согледа дека, и покрај недостигот на разни стоки, вештите битолски трговци успевале за своите сограѓани да набавуваат стока за сите нивни потреби.Навистина било дека имало сè, само доколку се имало и пари. А, за некои парите не биле проблем. Ги поседувале врз база на своите работно-способносни активности. Во повеќето регистрирани фондови на битолскиот Архив може да се проникнат за најразновидните способности на битолчани кои набавувале производи од сите страни на светот.

Навистина во Архивот е опфатен периодот од 1954 г. кога истиот само по три години од формирањето на државниот. Архив се формира и во Битола како посебно одделение. Така, на тој начин се регистрирани одредени трговски активности што се спроведувале во предвоениот период, а и подоцна. Дел од нив се регистрирани во четириесетина фондови на семејства и поединци. Во нив се зачувани разни документи преку кои се согледуваат активностите на битолчани кои тргувале со производители од многу земји. Дел од тие документи и материјали прифатени се во битолскиот Архив од Никола Трајков, кој подоцна, откако го напушти новоформираниот Архив, стана прв битолски митрополит- св.Климент.Содржината на битолските фондови за разни истражувачи е мошне интересна, зашто преку неа се разоткриваат купопродажните односи, трговските врски и другите активности кои се регистри што им се одземени, но не и содржински образложенија, зошто тоа е направено и кои биле причините одредени семејства и личности да бидат прогласени за ,,воени богаташи” заради што и требало да им се одземе имотот.

Споменувајќи ги ваквите дејности, дознаваме за низа трауматични дејствија од страна на лицата што им бил одземен имотот. Некои од нив никогаш не успеале да си го вратат, други наследниците пак не добиле ниту мал дел од имотот што им бил национализиран зашто може да се рече дека сиот тој период е резултат на едно минато што не се заборавило. Особено не кај оние што биле оштетени. Постапките на кој начин било сето тоа правено, исто така, биле трауматични и со тешки последици. Согледувајќи одредени постапки и состојби од тој период, доаѓаме до сознанија дека во одземените документи може да се согледа дека битолските трговци претежно се богателе врз база на својата умешност за тргување, а не на некој друг, во тие прилики, незаконски начин.

Така, за познатиот трговец Тцали – Цали кај неговите наследници постои ферман-турски документ на кој пишува дека му е овозможено да тргува со многу земји и тоа сè до Индија. А за тоа да го прави, Цали сигурно имал способности и умешност. Тој е познат и по тоа што печател разгледници од Битола кои пред две години се објавени во книгата Битола низ разгледници што со финансиска поддршка на Општината Битола, ја објави Димче Најдов кој живее во Канада, но успеал да пронајде и откупи дел разгледници од тој минат период.Во фондовите на битолскиот Архив за семејствата Секулови, Давкови, Атанасиеви и други се наоѓаат, исто така, документи во кои се регистрирани трговските врски што ги извршувале обезбедувајќи стока и продукти за оние битолчани што се разбира дека имале пари да ги платат.

Така, евидентирано е дека одредени квалитетни кревети со месингени орнаменти биле набавувани дури од Манчестер, дека бил набавен велосипед од Њујорк, дека во Битола доаѓала стока и за други имотни битолчани.

Семејството Секулови биле трговци дури и со вино, тргувајќи со неколку држа ви, но сето тоа регистрирано преку соодветни банки. За потребите на битолските текстилни работници вештите трговци снабдувале конец, исто така од Манчестер, а добивале понуди за тоа и од Виена. Така тие имале можност да дознаат каде е нештото поевтино и оттаму да го набават. Постојат документи во кои се барани цени за набавка на крпи, памучна стока, како и осигурување на истата додека пристигне со брод до Солунското пристаниште, а оттаму во Битола кај заинтересираните и предвремено договорени купувачи.

Во Фондот на Пане Давков се сместени разни документи, па дури и поканата за склучување на брак во 1922 г. како и патни исправи за патување во Грузија. Зачувана е и дозволата за поседу вање на лесно возило на Константин Давков од 1944 г. па дури и посмртен некролог за Васа Давкова од 1946 г. Фирмата на браќата Атанасиеви работела од 1864 г. и преку неа се набавувале фесови, подоцна текстил, галантерија и мебел.Со еден збор кажано, секој фонд, секоја регистрирана зделка е посебна приказна за битолчани коишто некогаш биле способни за потребите на своите граѓани да набавуваат производи од цел свет, прескокнувајќи повеќе гранични бариери, за разлика од денес кога сè е на дланка… Кога има сè, а нема пари”.


Од новинарскиот опус на Петар Ставрев