Денес Ви го преставуваме уште едниот од двата преостанати битолските ориентални бисери-Јени Амамот во Битола. Името го добива бидејќи бил еден од поновите ако не и последен амам во Битола (yeni -тур. значи нов) (hamam-бања) или нова Бања. Tурската бања е варијанта на парна бања, сауна или Руска бања.

14163582_10154399865508991_1158877892_o

Секој амам содржи пет групи простории: шадрван (гардероба) со квадратна основа,капалук (дел за адаптација) со правоаголни основи, халвет (простор за капење) еден квадратен простор на кој може да се надоврзат повеќе мали простории, хазна (резервоар за вода) и ќулхан (ложиште). Во халветот по обемните ѕидови се изградени камени банкини и камени корита – курни. Амамите покривани се со куполи и сводови. Осветлувањето е зенитално. Градени се од камен и тула. Затоплувањето е подно и преку ѕидовите. Внатрешноста била украсувана со декоративна пластика, главно, во тромпите, во лаците и во горните ѕидни партии.

14215388_10154399864828991_589453715_o

Aмамите биле градени како двојни, т.н. чифте амами со посебни делови за жени и за мажи или како едноделни.

 

Јени амам се наоѓа на десната страна на реката Драгор во Битола во близина на местото кое ние го познаваме како Дрвен Пазар.Тука во околината живееше претежно турско население и во негова близина имало турско училиште кое сега не постои повеќе и е празен простор (ширината десно од берберот Никола).

14202965_10154399862863991_978954373_o

Се претпоставува дека Јени Амам е изграден во 17 век или во почетокот на 18 век, тогаш кога Битола е во економски расцут и сигурно траел до првата половина на 20ти век кога секој во своите домови добил спроведена вода за пиење,задоволување на санитарните потреби,капење и слично.
Денес дел од зградата е наполно урнат, како и внатрешните уреди за загревање.

14163640_10154399861243991_2044126360_o

Основната намена на Турската бања преставува уживање во просторија исполнета со пареа.Таму има изработено лежалка со мермерна плотна со инсталирано греење во неа, на која што се врши масажа и пилинг на телото. Температурата во парната бања ги стимулира виталните функции, го зајакнува имунитетот и на телото му дава додатна енергија. Пареата го забрзува процесот на потење кај човекот. Потењето, пак, е најдобриот начин за отворање на порите и ослободување на токсините од целиот организам и резултат е чиста и блескава кожа и обновен дух.

14151963_10154399862208991_1568545565_o

Амамот сеуште е сведок на дружењето и забавувувањето на битолчани, нивното опуштање и грижа за својата лична хигиена и здравје. Турски обичај бил да се викни силно за да избегаат лошите духови од пареата за што веруваме дека и многу забавно си поминувале сите кои го посетуваа. Јени Амамот како и Керим Беговиот Амам во Битола, покрај Дебојот и малиот Амам на Решад 5ти се едни од 5те Амами кои некогаш постоеле во Битола. Сигурно вашата љубопитност нема да ја задоволиме со нашите слики но се надеваме дека во блиска иднина редот за нивно реновирање, раставрација па запознавање и посета е неизбежен во периодот кој следи. Што побрзо, тоа поубаво како за сите нас битолчани така и за нашата Битола,бабам Битола.

14164098_10154399863988991_1670627043_o