Од 08 до 10.11,.2020 во организација на СПАТУМ и НАРОДНА ТЕХНИКА се одржа по 41 пат Макинова, традиционална изложба за иновации, пронајдоци, патенти, индустриски дизајн, трговски марки, нови производи и идеи, истразувачки проекти и младинско творештво, на која имаше 77 учесници од кои 13 беа од странство.

Заради пандемијата натпреварот се одржа онлјан и сите мерки беа запазени.

Секој од натпреварувачите презентираше пред комисија која е составена од еминентни професори.

Се претставив со CNC машина која е продолжение на претходната која има широка примена во различни области, конкретно за време на почетокот на ковид пандемијата овие машини беа едни од најбараните за изработка на визири. Исто и со мојата машина изработив и сите ги донирав… ни пренесе Евгенија Дивитарова, нашата учесничка од Битола.

Честитки за успехот Евгенија.

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here