Четвртиот Меѓународен младински камп „ Патот кон помирувањето“ , кој започна на 4 Август со доаѓањето на младите од Израел, продолжи и во втората недела со бројни активности, патувања, предавања и дружење… Веќе на 7-ми Август нашите домаќини , младите волонтери од Црвениот Крст – Битола , гимназијата Јосип Броз Тито и Економското училиште „Јане Сандански“ , ги пречекаа младите од Германија, со што се комплетира целата бројка на учесници.

Заедничкото дружење продолжи во Скопје, каде младите од Израел, Германија и Македонија го посетија излетиштето на Матка, уживаа во природните знаменитости, беа во посета на Музејот на холокаустот, каде што споделија важни искуства од историјата. Имаа и работилници каде на конкретен начин учеа за помирувањето како историски и духовен процес за кој треба да бидат свесни.

Меѓународниот младински камп „ Патот кон помирувањето“ , кој започна на 4 Август со доаѓањето на младите од Израел, продолжи и во втората недела со бројни активности, патувања, предавања и дружење. Веќе на 7-ми Август нашите домаќини , младите волонтери од Црвениот Крст – Битола , гимназијата ЈБТ и Економското училиште „Јане Сандански“ , ги пречекаа младите од Германија, со што се комплетира целата бројка на учесници.

Дружбата меѓу групите продолжи во Скопје каде го посетија кањонот Матка каде нивните активности продолжија. Секако добија и време за долго посакуваниот шопинг во градскиот трговски, а вечерта ја заокружија со вечера на кејот на реката Вардар каде што вечераа и се дружеа заедно. Поделени во групи, секој лидер одреди активности кои ги направија веднаш после вечерата, без разлика дали тоа беше кратка прошетка покрај реката или некаква забавна игра. Наредниот ден, иако изморени, отидоа на посета во Музејот на Холокаустот каде што нивните знаења околу еврејската македонска заедница и македонските евреи беа проширени.

Скопските авантури (активности, како било) завршија со посетата и на Турската чаршија каде што сите имаа слобода да изберат што ќе прават.


Вечерва нивното дружење продолжува во Битола со заедничка вечера и забава, а веќе овој викенд започнуваат со ликовен перформанс на нашиот Широк Сокак.