Битолската група „Brass Brothers” на наше барање, а на нивно огромно задоволство ја издадоа нивната прва авторска песна “Време -невреме”.
Како автори на текстот се Елена Тодосиоска и Дејан Марковски, музиката е на Горан Мицевски – Кус, додека аранжманот е истотака на битолчанецот и познат пејач Димитар Андоновски. Видеото е изработка „Concept Production“ од Битола.
– Последиците од невремето кое го живееме и револтот кој го изразуваме во „Време – невреме“ , не сакаме да бидат искористени од страна на актуелните политички опции и се оградуваме од истите.
Главната порака е : „СО ЉУБОВ ДА ПОБЕДИМЕ” – велат момците од „Brass Brothers“.