НАУЧЕТЕ ГИ БРОЕВИТЕ, ВЕЖБАЈТЕ, ПИШУВАЈТЕ И БРИШЕТЕ СО ВОЛШЕБНОТО ФЛОМАСТЕРЧЕ

од September 19, 2019 0 коментари

Просветно дело ви нуди голем избор математички наслови – вежбанки наменети за деца од различна возраст. Ние направивме избор од неколку наслови во кои се понудени броевите до 10, до 20, а некаде, до 100. Овие вежбанки содржат: пишување и графичка структура на броевите, задачи за нивно увежбување, можност доколку се згреши, да се избрише со „волшебно фломастерче“, боење, дополнување, пребројување итн., а се во функција на изучување на броевите.Децата најмногу сакаат да откриваат и да учат преку слики и цртежи, а овие наслови се збогатени со најразлични илустрации. Некаде илустрациите се во преден план и се толку впечатливи и привлечни што детето го мамат на решавање, а некаде се поситни и се во втор план. Но сите имаат задача да асоцираат на броевите, да понудат можност за пребројување – за да се открие бројот, да се поврзе и да се добие точниот резултат. Со овој избор наслови се надеваме дека ќе ги испровоцираме децата брзо и лесно да ги совладаат броевите и да го исполниме нивното време со забавна едукација.Сите наслови ќе ги пронајдете во продажната мрежа на Просветно дело.

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *