Волонтерите од Инова Лаб Битола покажаа високо ниво на граѓанска свест и вештини за решавање на актуелни општествени проблеми и пред неколку дена од нив изградени неколку живеалишта за бездомните и напуштени животни преку рециклирање на стари материјали (користење на палети, пластични шишиња, штици, хартија, стиропор, ткаенини и слично).
Како индивидуи треба сите да се стремиме да поставуваме добри примери со примена и придржување до општествено одговорни практики, за подобрување на квалитетот на животот за поединците и заедницата преку доброволни активности и посветување време.
Акцијата беше реализирана со поддршка на Локален Совет за Волонтерство на Општина Битола.
Извор и фотографии Innova Lab Bitola