На 17-ти јуни во Винарија Чифлик во Битола, започна Smart Invest Group караван и ќе продолжи во поголемите градови во Македонија престојниот период. Smart Invest Group е мрежа на компании кои на македонскиот пазар функционираат по неколку децении со успешни приказни зад себе и силна амбиција и перспектива за иднината. Нејзината уникатност произлегува од вклучувањето на искусни и реномирани македонски претприемачи од области како: градежништво, ИТ-технологија, финансии и банкарство, трговија и угостителство, медиуми, маркетинг, печатарска индустрија…

Мрежата ја вклучуваат 8 компании од Битола и Скопје : BV Business Group, Unlimited coders, Винарија Чифлик, EPS, Pop Food, Графо пром, Коинг и Охо продукција.
Smart Invest Group за првпат го воведуваат групното финансирање или популарно наречено “crowdfunding” во Македонија во неговиот најмодерен облик. Сметаат дека со здружување, групирање на повеќе субјекти, физички и правни лица на едно место, секој проект е полесно изводлив и можностите за развој се неограничени.

Сегментите на делување се во 5 дејности, со огромен потенцијал за проширување :
SI Construction – фокус на проекти во градежништво и недвижнини, промовирање на одржлив економски раст и инклузивна урбанизација.

S Energy – инвестиции во ветувачки и иновативни енергетски проекти, обезбедување на одржлива енергија.
SI Development – фокус на технолошки развој, иновации и модернизација на индустријата.
SI Consulting – платформа со најсовремен и флексибилен модел на консултантски и сметководствени услуги.
SI Foundation – креирање на подобро општество, преку проекти кои допринесуваат кон збогатувањето на животот на заедницата.

Во овој момент, во нивниот фокус е градежништвото и 7 згради во Битола и Скопје (со тенденција на зголемување на бројот) каде секој заинтересиран може да инвестира средства. Гарантираат заработка од фиксни 9-10% на годишно ниво за секој од објектите. Минималниот влог е 500 евра и секој може да биде инвеститор на реален, видлив проект.

Беше промовирана и платформата SMART INVEST GROUP, преку која целиот процес на инвестирање е брз, лесен и едноставен, од Вашиот телефон или компјутер. Процесот се состои од неколку чекори:
Прв чекор – креирање на профил.
Втор чекор – избор во кој од Х станбените објекти сакате да инвестирате.

Трет чекор – внесување на износот кој сакате да го инвестирате.
Четврт чекор – договор.
Заработката од секоја инвестиција се дели на еднакви месечни рати. Секој месец на денот кога се уплатени средствата, Ви се уплатува месечен дел од заработката. Вкупниот износ кој сте го вложиле Ви се враќа на Вашата трансакциска сметка максимум 4-5 дена по датумот кога е предвидено завршувањето проектот.

Исто така договорот може да се склучи и во пишана форма во канцелариите на Smart Invest Group или преку некој од агентите на групацијата. За било какви дополнителни информации и прашања можете да се обратите на телефонскиот број 070 314 – 493 или e-mail адресата [email protected].
На крајот од настанот, генералнот директор на Smart Inevst Group, Симе Василевски се заблагодари на ПР Линк Маркетинг и на ресторан Чифлик за организацијата на настанот и уште еднаш резимираше :

Во нашиот систем на инвестирање, потенцираме дека инвестирате во нешто видливо, нешто кое што можете да видите како се гради и развива, што дава поголема сигурност. Самиот објект и парцелата каде што се гради се гаранција за инвестираните средства, а дополнително како гаранција во самиот договор се впишува и целокупниот движен и недвижен имот наш и на инвеститорот и изведувач” заклучи Василевски

Текст : Н.С. и С.Д.
Фотографии : Борче Нечовски