Регистрираната количина на мопеди во Битола сега веќе надминува 3 илјади. Големата потрошувачка на автомобилите, високите цени на нафтата, предизвикаа да има голем пораст на продажбата на мопеди ширум светот. Не случајно тоа се случува и во Битола.

Потребата од навремено извршување на обврските во деновите кога сообраќајот го надминува максимумот, доведе жителите во Битола да бараат решение со кое безгрижно и најбрзо ќе стигнеме до саканата цел. Водени од оваа проблематика Синпекс ја прошири палетата на прозиводи и воведе продажба на мопеди.

Според истражувањата од неодамна е промовиран и највозениот мопед во градот – VITTORIA. Со безвременска линија која плени со својата складност и елеганција , проследена со максимална удобност и ергономија и економичен, но моќен мотор кој гарантира илјадници безгрижно извозени километри VITTORIA ќе биде Вашето омилено превозно средство.

Економичниот мотор со зафатнина 49.6 cc и моќност од 2,1kW, достигнува и до потрошувачка од 2 l на 100 km. Избегнете ги градските гужви , заборавете на проблемите со паркирање , заштедете на трошоците за гориво и бидете забележани секаде каде ќе поминете. Согласно големата побарувачка на мопеди, Синпекс организира промоција на своите мопеди а воедно и тест возење. Главен осврт ќе има кон највозениот мопед во градот VITTORIA.