ИН МЕМОРИАМ ЗА ТОМЕ ДИМИТРОВСКИ-ТАРЗАНО
-Сега само да ослабам десетина
кила и комотно можам да застанам на голот на Ливерпул, ни рече деновиве Томе Димитровски-Тарзано, алудирајќи на квалитетот и играта на денешните најдобри навални фудбалери и голмани.
–Вие сами гледате дека на некои средби само 2-3 пати е шутирано во рамките на голот. Такви се голем број од денешните голмани, вели тој, потврдувајки дека некогаш голманите имаа полни раце работа, често беа во ситуација да скокаат од еден агол на друг, а за испратените шутови кон нив и да не зборуваме. Тоа е на извесен начин и потврда на изменетиот однос кон играта, како во одбраната така и во
нападот. А некогаш Томе Димитровски беше вистински Тарзан на голот, потврдувајки го прекарот што уште како момче го заработи во Арнаутмаале каде во ширината наречена “Вастане” ги започна своите први фудбалски чекори за подоцна да се вивне во редот на најдобрите голмани, не само од овој град, туку и пошироко.
Нему му припаѓа почесното место токму меѓу оние неколкумина битолски голмани што нема никогаш да бидат заборавени и што оставија свои траги кај голем број вљубеници во фудбалската игра. Роден е 1950 година.
–Од млади години започнав да
бранам на голот на Работник, за-
менувајки го Ќук. Речиси имав 15
години, но бев бестрашен и вљубен во голманската игра. Најпрвин бев член на фудбалската школа на Пелистер, потоа бев во подмладокот
кога претседаел беше Митко Бутлевски, а технички директор Георгиевски (Митичо). Со фузирањето на Работник и Пелагонија, настапував во БСК, дебитирајки за Пелистер на куп-натпревар со Победа во
1967 година, кога прилепчани во
првото полувреме водеа со 3:0.
Натпреварот заврши 3:2 и јас ги
продолжив тренинзите под рако-
водство на Наум Бутевски. После
таа година 12 месеци бев во војска и тоа во Ваљево каде бранев за тамошниот гарнизон, а оттогаш до 1977-98 постојано бев на Пелистер менувајки се со Бранко Дуковски- Шошкичо, а кога Ѓоко Хаџиевски замина во Вардар, јас го презедов
тренирането на клубот, ни раскажува Димитровски.
Потоа ни кажува дека иако во
тој период биле на четврто место
од дното на табелата до крајот на првенството ги добија сите натпревари пласирајќи се во Првата лига.
Таму тој шест месеци бил тренер, а потоа го заменил Христовски од Штип. Во овој период додека Димитровски бил и играч и тренер на голот се изменија неколку голмани меѓу кои Дуковски, Петраки, Питошка, Уруковчан, Драги Димитровски. но на повеќето натпревари голот го чувал тој. Тоа бил период кога во клубот претседател бил Митко Бутлевски и кога за битолската екипа настапуваа најпознати фудбалски имиња меѓу кои: Ршумовиќ. Јовашевиќ, Љуковчан, Петров, Настевски, Петровиќ, Јовичиќ, Канатларовски, Китановски, Васко Митревски и други, а на тренерското место се сменуваа Наум Бутевски, Ставре Ефтимовски, Коста Томашевиќ, Бата Канда, Жарко Неделковиќ, Остоиќ, Чабриновиќ и Хаџиевски. Навистина плејада реномирани и потврдени фудбалски имиња како во играчкиот, така и во тренерскиот кадар.
-Јас имав навистина дарба за голманското место, но за истото треба многу љубов и работа. Треба да си бестрашен и да командуваш со одбранбените фудбалери. Ако не знаеш да им направиш распоред на бековите и ако дозволуваш во шестаесетникот да ти се “шетаат“ противничките играчи. не можеш да бидеш голман. Ти треба да командуваш, да истрчуваш, да ги бркаш сите пред тебе. Во спротивно штом ти дојдат на пет метри до линија, сигурно ќе ти дадат гол, истакнува Димитровски, на извесен начини потврдувајќи ги своите карактеристики што беа впечатливи додека тој беше на голот на Пелистер.
Вистински “Тарзан”, командувач. Од тој негов богат голмански период живо се сеќава на многу средби, играчи, судии, натпревари, понекогаш ословувајќи ги само по прекар како и многу други, но не може да ја заборави средбата кога една година настапувајќи за Раднички од Ниш во тој град против Вележ победиле со 1:0.
Исто така се сеќава и на средбата со Раднички од Ниш во Битола, кога за гостите настапуваше Драган Стојковиќ-Пикси и низа други познати имиња, кои мислеа дека нишлиите ќе го освојат првото место во Првата лига. зашто Димитровски некогаш бил нивни голман. За жал. Пелистер победи со 1-0. а на крајот Пикси разочаран ниту се поздрави со Тарзано.
Со Димитровски е пријатно да се разговара за тие некогаш големи успеси на Пелистер кога настапувал со најпознатите југословенски екипи, кога многумина се чудеа на што се должат таквите нивни успеси. Димитровски не крие дека навивал за Партизан, но дека идол му бил голманот на Црвена Звезда, Дујковиќ. ОД овие “сегашните“ голмани симпатии имал за Ван дер Сар кој маестрално ја заврши својата кариера. Вели дека тренерот може нешто да те научи но ако сам не работиш на одржување на својата форма, да гледаш кој како брани, како истрчува, нема да бидеш многу успешен.
–Тренерот може да ти каже одредени работи. но потоа сам стоиш на голот, нема кој да те подучува сам си исправен пред сите играчи кои сакаат да постигнат гол, истакнува Димитровски.
Томе Димитровски откако ја заврши својата играчка кариера извесен период беше тренер ва неколку екипи пред се во Пелистер, потоа во кичевски Напредок. Демир Хисар, Братство од Ресен па до Буково и Долно Оризари. Љубовта што ја имаше кон фудбалската игра не можеше така едноставно да ја прекине. Затоа во сеќавање му се и низа други голмани какви што беа Чочковиќ, Поповиќ и кои ли не други, следејки ги нивните успеси, но и изградувајки еден свој сопствен стил, кој како што рековме во насловот на написот најмногу и му одговара, како вистински Тарзан на голот.
Петар Ставрев за Битолски весник