Охридскиот професионален фотограф Стојан Стојановски од кај мостот с. Зовиќ, битолско Мариово, започнува со проектот со кој виртуелно ќе ја доживеете Македонија. На неговата фан страна напиша:

Драги фанови, во 2020 година многу од вас не можевте лично да ги посетите многу места во нашата држава.
Затоа од денес по моја иницијатива го започнувам проектот за прв пат Македонија Виртуелно во 8К ХДР 3Д видео и аудио со користење на најновите светски технологии за виртуелна реалност за да ве доближам што поблиску до убавините на Македонија.
Зад проектот стојат и го поддржуваат 2S Studio и @Сцена.

Погледнете го видеото во 3Д на следниот линк.

Поддршка и од нас. Секоја чест…