Сакав да пишам… Па се попишманив… Пошто нели, стално сум грешно сфатен… Ама гледав вести и ептен ми падна жал…и си викам, јас ќе пишам, па ако сака некој да вади од контекст… Нека вади! Нека му служи на чест!

Ептен ми е грев за детето шо се удајло во Преспанско… И за сите други ко него низ годините уназад… Диви тинејџерчиња… Мислејќи дека се фраери или дека се интересни… Семоќни… Отишле на сред езеро со педалинка… А никогаш не пливале во подлабоко од метар и пол… Жал ми е ептен за новиве генерации, кои наместо да се едуцираат за природата, да изучуваат работи што значат живот или смрт!… Тие учат “мало виски мало кока кола!”… :/

Не знам колку од вас знаат, ама бев професионален пливач 15тина години… Сум пливал маратони среде Охридско и среде Преспанско, ама никогаш без професионална придружба! Иако сум обучен и за спасувач… Иако знам кои мускули како функционираат, и кои струи на каде движат во водата… иако знам се шо можи да се знај и да се случи пошто буквално сум растен во таа средина!…И покрај се, никогаш не сум одел без професионална придружба! Пошто се работи за сила на природата! Ништо не е посилно од тоа! И цел живот се расправам со другари и познаници да не се занесват со педалинки и кајчиња… Ама џабе… :/

Денојве слушнав муабети од типот:
“Абе многу треви има таму! Те фаќат тие тревите и готово”…
😑😑😑

Прво и основно: Тревите се треви! Немаат раце за да те фатат! Не се животни! Треви се! Ја тргнуваш и излегва! Не можи трева да те фати, можиш ти да ја фатиш и да ја скиниш! Не те јади! Не е тревата проблем…проблем е ПАНИКАТА!
ПАНИКАТА те фаќа и ти самиот се давиш! Од страв!… Страв од непознатото! Зато мислат фаќа тревата… Оти ќе допрат трева…ќе испаничат ќе спретаат со раце и нозе, ќе запнат на 2-3 треви и го пуштаат воздухот се дерат, мислат дека не можат да излезат! А уствари еден замав со рацете и со се треви си надвор! Ама на моментот… паника…не размислуваш!… Е зато гинат луѓе!…

Не зборам лично за ова дете него за цела младина!

Ако се плашиш… Ако ти е непознато… Ако не си искусен… Ако не ти е комотно…шо бараш таму?! Демек сите одат морам и јас?!… Неќам да звучам ко татко ама…. Ако скокаат сите од зграда ќе скокниш и ти?! Никогаш не сум го разбирал то! Демек сите пушат или пијат … И јас исто… Сите го прат ова…морам и јас…

Зошто бе деца?! Кој ум е тој?! Какви се тие размислувања?! Од кај таа желба за самоуништување?! Од кај та негатива бе?! Не ве разбирам!…
Абе преубав е животот АЛООО!
Сите врвиме низ милион глупости! Ако почнам јас да раскажвам… прво треба 3 книги да напишам!… А друго… нема ни да ми веврате! Пошто имам стварно неверојатни приказни! Ама моите ме научиле дека ништо во животот не е ненадминливо! Покрај сите тежини, животот е преубав! Научи да ја цениш секоја ситница и уживај! Не е битно низ шо врвиш! Битно е да продолжиш да одиш!

И НЕ! Не ми треба алкохол нити било какви супстанци за да си поминам убо и да уживам!
Не ми требат цигари или трева за да се опуштам!
Немам потреба да го прам то шо другите го прат пошто то нив ги прај среќни! Не мене! Јас го прам то шо ме прај мене среќен! Па макар и да немам “екипа”!
Пошто ебати екипата ако немаат грам почит кон она јас шо го сакам или неќам!
Ебати екипата, ако те трујат со цигари и глупости а ти не го сакаш то!
Ебати екипата ако треба да прајш глупости ради нив!

Лесна му земја на детето! Стварно е жалосно да се изгуби живот уште не пркнат… Не можам ни да замислам низ шо се врват најблиските сега… Јас се осеќам безвеза шо не го ни познавам, камо ли тие… Страшно…

И не мислев со постов да бидам груб или да се прам паметен… Иако знам дека ова така ќе биди перцепирано (ако воопшто некој посвети 2 минути од животот да прочита)… Ама се надевам трагедијава ќе му отвори очи барем на дел од младината…

Нема играње со мајка природа! Мајка природа си бара страхо – почит! А страхо – почит и многу други есенцијални работи треба да се вметнат во школскиот систем, пошто благе везе нема дефинитивно! Мора да се променат многу работи и во училиштата и во домовите!… Само во кој век ќе го дочекаме то… Ќе видиме…

Виктор Апостоловски