“Уште со самиот пласман на Македонија на ЕП во ракомет 2020 година започнаа да се организираат плановите за патување и повторно да се поддржат нашите момци. Ждребката сакаше нашата група да биде во главниот град на Австрија-Виена.
Одлуката бесе лесна. После краток разговор со сопствениците на агенцијата Турист (мои долгогодишни пријатели и соработници) кои ме известија дека ке организираат патување во кое ќе бидат вклучени картите за натпреварите и сместувањето, главниот “проблем” беше решен. Остана уште да се побараат сите оние реквизити, шалови, знамиња складирани од претходните патувања
Во Виена допатувавме со автобус, патешествие кое траеше околу 20 часа. Попладнето на 10-ти јануари во Виена пристигна еден полн автобус во кој околу 70% од патниците се од нашиот град, Битола. Иако долго патувањето помина одлично без никаков проблем. Сместувањето е во хостел, на одлична локација, наспроти најголемиот Виенски отворен пазар, на стотина метри од метро станицата.
Трошоци… Секое вакво патување за македонски стандарди претставува своевиден луксуз и треба добро да се испланира. Како заљубеник во спортот и нашите репрезентации, сакам да напоменам дека мојата прва посета на едно големо натпреварување беше во Ниш, Србија во 2012 година (ЕП во ракомет) за подоцна да продолжам на ЕП во кошарка во Словенија (2013),ЕП во кошарка во Хрватска (2015) и ЕП во ракомет во Хрватска (2018).
Ова е мое петто натпреварување кое сигурно е најголемото финансиско оптеретување имајки ја во предвид далечината, цената на картите како и цените во локалите во Австриската метропола. Со оглед на тоа дека секогаш и секаде сум издвојувал сопствени средства без никаква помош или добиени гратис карти, како што напоменав претходно, сето тоа треба добро да се испланира и организира.
Сакам да напоменам дека и овде како и на многу други манифестации од овај тип има многу наши сограѓани кои одат подолго и кои беа на уште подалечни патувања (Полска, Шпанија, Катар итн.) и во никој случај не се ставам во нивни ранг. Пред нив – капата долу.
Какво е чувството… Она што те тера да заборавиш на сите препреки и околности додека сѐ дојде на посакуваната локација е чувството кога се шеташ низ град или ги погледниш трибините во салата.
На било која точка од овај континент па и пошироко, нас не има во огромен број. Луѓето живеат за овие моменти и се позитивно луди, иако го знаеме нашиот стандард и примања. Се надевам, а многу пати тоа се чувствува дека играчите ја разбират нашата “мака и голгота”, но воедно и огромна страст и желба за нови победи и славења.
Досега во најголем дел од случаите го давале и го даваат максимумот на наше огромно задоволство. А кога ќе произлезе натпревар како онај од пред 2 дена во кој херојот на голот е роден и игра во Битола, а клучниот гол го постигнува незаменливот Кире Лазаров (кој во Битола ги направи првите ракометни успеси и го сака Пелистер од срце), тогаш нашата среќа е енормно голема. За крај, би сакал на нашите ракометари да им посакам успех, нови победи и да не заборават дека ние на трибините секогаш го даваме максимумот без разлика на околностите… ”
Директно од Виена, Горан Пинза