Битолчани се одликуваат со високо културно ниво. Редовно посетуваа (т) културно-уметнички настани и програми. Без разлика кој што работи, во слободно време излегува а на прошетка, а навечер на Kорзо во чиста, испеглана, нова облека беа сите
и дојди познај кој, што е:
“Дали сѐ извалканите занаетчии и работници преку денот или се високи интелектуалци”.
Жените се носеа по последниот збор на модата. Во битолските домови владееше беспрекорен ред и хигиена. Еднаш неделно, обично во сабота и недела, се одеше на бања, а муслиманите
имаа дома примитивни бањи. Првиот бојлер во Битола е направен во 1940 година од електричарот Maep.
Се внимаваше во Битола на изреката:
“Види му ги нозете, па пушти го да ти влезе дома”.
Секогаш чевлите беа чисти, светнати. Поради тоа почесто се
одеше и кај чистачите на чевли, кои најмногу ги имаше на мостот кај безистенот.
При одење надвор од дома по прашлива, каплива, валкана улица, преку топлинките и чевлите се обуваа галоши. И нив веќе ги нема. Во Битола за подарок на невестите им се носеа везани терлаци (влечки)…
Вангел Деребан, кујунџија