Некои од нас се родени за да создаваат, да творат, да го искажуваат најдоброто од себе и со тоа да будат вистински емоции во нас.Така е со една млада битолчанка,

Христина Јовановска која во описот од своето видео на YouTube ни раскажува дека е самоука и вработена во хостел и како се одлучи да оди својот пат:

“По неколку години размислување дека не сум доволно добра, дојде време кога веќе почнав да верувам во самата себе, а тоа, вербата во себе е единствената причина за некој кој сака да има добар почеток. Се надевам дека нема да има негативни коментари кои ќе ме вратат на местото каде што бев и каде започнав да ја градам иднината која сакам да ја имам. Никогаш не сум земала часови за пеење и сè што сум научила го направив сама, со поддршка на само неколку луѓе кои мо помогнаа да го сонувам мојот сон и со мотивација на останатите малку кои ми рекоа дека треба да замолчам. Ова се некои од моите
омилени песни за кои никогаш не помислив дека би можела да ги пеам, но јас успеав. Се надевам дека ќе уживате во ова видео и ќе имате на ум дека ако можам јас да го направам ова, можете и вие да го направите тоа што го посакувате.
Ви ја испраќам целата жолта љубов на овој свет со виртуелна прегратка од мене.”…завршува Христина.

Од нас малце “ветер во грбот” Христина. Никако не застанувај и продолжи храбро уште повеќе!

Нејзиното видео на Јутуб

Нејзиниот линк на Инстаграм
https://www.instagram.com/yellowhugdrug/

Уживајте!