Битола има своја атлетска ѕвезда чии рекорди од времето на поранешна Југославија, сé уште не може да се надминат.Вера Вељановскa е една од највлијателните битолски спортистки во историјата.
Во нејзината спортска кариера има освоено седумдесет златни, петнаесет сребрени и три бронзени медали, една златна плакета и две сребрени плакети, многу пехари, награди и признанија.Била репрезентативка на поранешна Југославија и ја претставувала својата земја на голем број меѓународни натпревари.
Прогласена е за спортист на Македонија во 1973 и 1974 година.Која е всушност Вера Вељановска и како започна нејзината ѕвездена кариера?Родена е во Битола. Своите први чекори во атлетиката ги прави во нашиот АК „Олимпија“, каде останува активен член се до завршувањето на нејзината тркачка кариера. Како членка на АК “Олимпија”, учествувала на разни атлетски манифестации во Југославија и други држави каде лесно се истакнувала. Останува запишана во историјата како натпреварувачка на куси атлетски патеки.Остварила рекорди, од кои дел сѐ уште не се несоборени:* 7,3 секунди на 60 метри во сала во Букурешт
* 7,5 секунди на 60 метри во сала во Сплит
* 11,6 секунди на 100 метри на отворено во Букурешт
* 200 метри на отворено – 24 секунди во СофијаВера има настапено на Европскиот куп во Холандија и на Европското првенство во Дуiсбург, Германија.Од 1970 до 1975 година била редовен член на македонската и југословенската репрезентација во сениорска и јуниорска конкуренција.Четири пати е избрана за најдобар спортист на Битола, а во 1973 и 1974 година и за најдобар спортист на Македонија.Признанијата и наградите на кои Вера е добитник вклучуваат:
* Плакета по повод 30 година физичка култура во Битола
* Награда „4 Ноември“ во Битола
*„Седум секретари на СКОЈ“
* Сребрена плакета од Светската атлетска федерација во 1998 година.По завршувањето на својата активна спортска кариера, таа се посветува на едуцирање на новите генерации, работи како дипл. наставник по физичко воспитување, до нејзиното пензионирање.За повеќе исечоци и фотографии кои се дел од нејзината лична архива, а воедно дел и од новата архива на сега возобновениот АК “Олимп” повелете на нивната официјална страна АК ОЛИМП БИТОЛА