Почитувани наши гости.
Јас Љубица Мушуланова Ристевска од срце ви се извинувам што три дена ви барам сертификати, и од срце ви се извинувам на сите што ве вративме и не ви дозволивме да седите во нашиот ресторан. Помизерно во животот не сум се почувствувала. Вчера дури и live на Facebook вреѓање кркав од една Ромска фамилија кои мислеа дека ги враќам зошто се роми и ги дискриминираме, дека не сакаме гости да примаме, а тие за жал сите немаа сертификати.
33 години постои Шумски Фенери, што не поминавме за да имаме повеќе работа, повеќе гости, да понудиме и да ве направиме среќни, да бидеме дел од вашите спомени и сега стоиме на врата и ви допираме во интимата зошто некој побарал така од нас во спротивно ќе не казни, стоиме на врата и бркаме луѓе а цел ресторан зјапа празен?!
Срам да ви е на сите што не доведовте нас угостителите до овај мизерен степен кој верувам никој нема да го заборави. Луѓе кои доаѓаат секој ден, не можат повеќе да доаѓаат.
Ама ете сме трпеле, но и глас ќе креваме за ова лудило да престани. Зошто и вакцинираните со срам покажуваат сертификати само да знаете!