Василичарскиот мазник со паричка е наизбежен традиционален обичај во нашиот крај. Без разлика дали ќе бидете со друштво или во склоп на семејството, главниот оброк е Василичарскиот мазник со паричка, кој се дели на онолку делови колку што има луѓе на трпезата. Се верува дека на тој што ќе му се падни паричката – ќе го следи среќа во текот на целата година.

Традиционално, мазникот се врти во круг три пати, се дели на еднакви парчиња и потоа секој го бара паричето во својата половина. Едноставната рецептура, но малку посложена подготовка на мазникот поминала низ години традиција, но и ден денес останала едно од највкусните македонски традиционални јадења кои мора да се направат за Василица.

Василичарскиот мазник традиционално се прави со тегнети кори и сирење или урда. Од Вемилк ни препорачуваат едноставен рецепт кој во комбинација со вкусното сирење, Вемилк урда и Вемилк јогурт го прават овој рецепт превкусен. Во продолжение видете ги состојките и начинот на подготовка.


Состојки:

– 600 г брашно

– 300 мл млака вода

– 2 лажички масло

– мала лажичка сол

– околу 200мл масло за премачкување и попрскување

Вемилк сирење или Вемилк урда

Од наведените состојќи се замесува тесто. Од него се прават 3 дела кои се расукуваат со сукало во кружна форма колку една чинија (околу 10см). Секоја кора се става на најлонска фолија и се премачкува со масло, потоа се прекрива со најлонската фолија, за да не фати кора. Колачињата тесто се оставаат околу 45 минути и се започнува со развлекување на секоја кора со раце, на маса прекриена со чаршав. Краевите се сечат. Откако корите ќе се ратегнат се попрскува со малку масло и се става Вемилк кравјо сирење или Вемилк урда. Кората се витка со помош на чаршавот во форма полжав и се става во намрсена тава. Истата постапка се прави и со другите кори, со тоа што се ставаат околу претходната кора. На крај мазникот се попрскува со масло и се печи на 200 степени, се додека убаво не порумени. Не заборавајте во некоја од корите да ставите ја ставите паричката!

На здравје со парче мазник и Вемилк јогурт!