РЕАКЦИЈА ОД ОПШТИНА БИТОЛА ЗА ВАНДАЛИЗМОТ ВО ОУ „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
“Општина Битола најостро ги осудува вандалските натписи на ѕидовите од ОУ „Св. Климент Охридски“ во Битола, во кои се користи говор на омраза, недоличности, а истовремено се уништува фасадата на училиштето.
Ваквиот вандалски чин претставува деградирање на моралните вредности, имајќи во предвид дека станува збор за образовна институција, во која што учат деца од основното образование на возраст од 6-14 години.
Во рамките на своите законски надлежности, Општина Битола ги поддржува релевантните институции во откривањето на сторителите во најбрз можен рок. Воедно, локалната самоуправа апелира на повисока морална свест, со цел да не се поттикнува говор на омраза и да не се уништуваат објектите во градот.”
Официјална фб страна на Општина Битола
Доколку имате било каква информација ве замолуваме да ја споделите со надлежните институции се со цел расчистување на настанот и благовремено санкционирање.
Фотографии од Официјална страна на Општина Битола