БИТОЛА, ул.Рузвелтова бр.18 тел.075 22 47 22, Нов пазар 075 44 57 40

Во тек се уписите за прво одделение во основно музичко училиште. Запишувањето се врши преку електронска пријава достапна на google forms.

Деветгодишното музичко образование ги нуди инструментите: пијано, виолина, виола и виолончело.

Шестгодишното музичко образование ги нуди ударните инструменти, труба, флејта и хармоника, додека тригодишно музичко образование нуди контрабас и соло пеење.

Музичкото училиште во Битола е меѓу најстарите училишта во Македонија. Формирано е во 1946 година, а со настава започнува следната 1947 година откако биле обезбедени услови за започнување на настава. Во досегашното 74 годишно работење, од нашето училиште произлегле врвни музичари, педагози, диригенти, композитори и многу други музички културни дејци. Исто така нашето училиште може да се пофали со бројни музички уметници од естрадната сцена, музички виртуози и амбасадори на Македонија.

И денес музичкото училиште е расадник на музички таленти. Нашите ученици активно учествуваат на државни и меѓународни натпревари и фестивали, каде секогаш котираат високо и освојуваат високи награди. Голем дел од нашите матуранти со стекнатото музичко знаење се запишуваат на престижни факултети во земјава и странство. Последните години активно се работи на подобрување на условите за работа во нашето училиште. Освен внатрешно и надворешно уредување на двата објекти со кои располагаме, училиштето може да се пофали со зголемен број на инструментариум, што претставува голем бенефит во работата со нашите ученици.

Ги повикуваме сите талентирани дечиња да станат дел од нашето големо музичко семејство, да стекнат знаење кое ќе ги надополнува како личности целиот живот.
Сите информации за нашите успеси, настани, уписи и сл. следете ги на фејзбук страната (Државно музичко училиште – Битола) која е активна од 2014 година а изобилува со бројни информации. Следете го и youtube каналот (ДМУ – Битола) каде секојдневно се објавуваат концерти од нашата богата музичка архива, а наскоро очекувајте ја и нашата веб страна (muzickobitola.edu.mk) со богата галерија и дневни новости.

м-р Маја Митровска
наставник по соло пеење

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here