Група од 5 ученици од медицинско од вкупно 30-те избрани ученици од Битола повторно учесници на онлајн час на European School Sport Day. Учениците од ОСМУ Др.Јован Калаузи активно излегуваат во пресрет на сите предизвици и во време на пандемијата.
Ова е една од многуте дебати, вежби организирани од Европската унија.
Сите учесници ќе бидат наградени со европски сертификати.
Учесници од ОСМУ Др.Јован Калаузи:
Бесим Бесими
Викторија Брдаровска
Изабела Насковска
Емилија Ристевска
Јана Стефановска
ЕВРОПСКИ ДЕН НА СПОРТОТ ВО УЧИЛШТАТА, 25.09.2020 (ПЕТОК)
Федерацијата на Спортските Педагози на Република Македонија на 25 септември го организира „Европскиот Ден на Спортот во Училиштата“ #ESSD2020. На креативни начини во услови на пандемија се организираат
физички активности кои кај децата и училишната младина ќе поттикнат забава, благосостојба, задоволство од физика активности која е пред се во функција на превенција и унаредување на нивното здравје.
Оваа година по шести пат се организира Европскиот ден на спортот во училиштата, како предводник на #BeActive „Европска недела на спортот“. Минатата година беа вклучени 90.000 училишта од 44 држави со активни 3 милиони училишни деца во 120 минутна физичка активности. Настанот е координиран од Унгарската Федерација на Училишен Спорт во соработка со „Европската асоцијација за физичко образование“, „Младински спортски труст интернешнл“, „Меѓународното здружение за спорт и култура“, „BG Be Active“ и „V4Sport“ и „Националните координатори во повеќе од 33 земји“.
Медицинско зема учество на спортски настани организирани во Битола и онлајн дебати организирани од Европа поврзани со спортот и надвор од него.
Како што рекле во здраво тело здрав дух.