Учениците Карла Гарабиљевиќ,
Алексеј Ристевски, Софија Стојановска, Александра Митровска и Теона Јошевска од IV-3 од ОУ Коле Канински со љубов за нашиот град Битола направија проект за некогашниот најпрепознатлив Камен мост на река Курдерес, топоним кој е останат до ден денес помеѓу сите генерации на битолчани.

Меѓу другото во него тие ни пренесуваат дека пред четириесетина години Камениот мост во Битола беше голема знаменитост и убавина за битолчани со својот стар стил на градба и како единствен таков, последен останат во градот.

Го красел градот до 70-те години од 20 век, а замина пред очите на битолчани со покривањето на коритото на реката Курделес и нејзиното асфалтирање…