Денес од страна на Советот на родителите и учениците од ОУ Климент Охридски во заедничка акција беше исчистен дворот на училиштето при што беа собрани 28 вреќи ѓубре. За целата акција претседателката на Советот Љубица Мушуланова Ристевска напиша:
“Бидејќи душата ми е полна од денешната ЕКО акција за чистење на дворот и околината на ОУ Климент Охридски, организирана од страна на Советот на родители, морам да ви ги споделам сите слики за да видите колку многу родотели и деца се собравме. За децата ми е најмногу ќеф зошто тие се иднината на ова училиште. За 2 сати успеавме да го исчистиме цел двор и цела околина на Климент Охридски, да го изметиме цел главен влез и цели патеки пред училиштето. Сликата пред и потоа е воодушевувачка. Собравме 28 вреќи ѓубре од најголемите. Најстрашно на паркингот пред училиштето и околу Бале, на горниот дел од дворот на кај куќите и влезот од страничниот дел кај првачињата и околу Шик. Можевме да бидеме во поголем број но и ова е задоволително. Почести вакви акции и дворот ќе свети.
Сега останува училиштето да организира акции за чистење од страна на децата секоја недела и се ќе свети.
Апел до Комуналец канти да си постави зошто во спротивно ќе барам како совет да ни направат обрачите како оние на Поинаку сами да си поставиме.
Комуналец не учествуваше на акцијата и ѓубрето го фрлиме во околните контејнери, поточно ги наполнавме до горе. Се надевам поминаа да ги испразнат.
Фала В од срце за сите кој се одзвавте на акцијата и направите таа да е успешна”
Браво за сите 👏👏👏