Третата декада од месец септември, поточно новата недела која што ни започнува веќе од задутре (понеделник) ќе ни донесе температури на воздухот кој ќе бидат значително над просекот за овој дел од годината и истите ќе бидат повисоки од нормалата дури за речиси 10-тина степени.

Во текот на следната недела времето во Битола и битолско и понатаму ќе биде стабилно, суво и сончево повремено со умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.

И врнежите и понатаму ќе бидат значително под просекот за овој дел од годината што значи сушниот период и понатаму продолжува.

За многумина, месецот септември го означува крајот на сезоната за патување, но сега тој нуди одлична можност да се спакуваат и да заминат на одмор. Доколку и вие сѐ уште не сте го искористиле вашиот годишен одмор и планирате тоа да го сторите овој месец, можете тоа слободно да го направите бидејки овој септември е најдобриот месец за патување.
За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба –СЛАВЧО ПОПОСКИ!