Во текот на вчерашниот ден се случија пет спонтани породувања, од кои на свет дојдоа пет наши нови мали членови на големото семејство. Особено не радува фактот што младите мајки се подготвени да се породуваат на спонтан начин, а со тоа да ги почувствуваат придобивките од мајчинството, кое започнува со првиот контакт помеѓу мајката и бебето.
Сепак, за нас уште поголемо задоволство претставува доаѓањето со царски рез на свет на бебето, за кое родителите трпеливо чекаа цели 16 години. По неколку неуспешни ин витро постапки направени надвор од државата, а само по прво направено ин витро во Болница „Плодност“, кое беше успешно, се роди плодот на долгогодишното чекање на родителите, на нивна радост, но и на наше огромно задоволство.
Ова е само уште една потврда за успешноста на ин витро постапките, по кои Болница „Плодност“ е препознатлива не само во земјава, туку и низ целиот свет.
Нека растат здрави и живи нашите новороденчиња, заедно со нивните родители и нека ги пратат успеси и среќа во животот.