Големиот српски комичар Бранислав Нушиќ е првиот почесен граѓанин на Битола кој на 18 април 1921 година нашата Градска општина го известила за тоа. Во Битола тој најпрвин бил поставен за писар во српскиот конзулат а потоа и за конзул, од каде и се оженил во 1893 година. Оттука заминува низ разни предели на Јужна Србија и Македонија, а во 1912 година се вратил во Битола каде до 1913 година бил околиски началник.(весник Политика)

Бранислав Нушиќ

Познатиот француски генерал и маршал од Првата светска војна Франше Д’пере е вториот почесен граѓанин на Битола.

Маршалот Франше Д’Пере

Одликувањето го доби во 1923г. кога тој пристигна во нашиот град на отворањето на Француските воени гробишта. Тој беше најзаслужен за пробивот на Солунскиот фронт и големата победа на Антантата врз силите на Бугарија и Германија во битката која се извојува на м.в. Добро Поле, на самата граница од областа Мариово со Р. Грција.

м. в. Добро Поле, Мариово

Третиот почесен граѓанин на Битола е Ајри Демировски, нашиот битолчанец, пејач и композитор на македонска народна музика кој почина во Измир, Р. Турција 2009г. Како автор на песните „Битола мој роден крај”, „Таму ле мајко близу Битола”, „Денот ми дојде на гурбет да одам” , „Сношти те Маре сонував” и многу други, од страна на општинската комисија за признанија и награди по пристигнатиот предлог за Ајри во 2008г. ја донесе оваа одлука. Додека песната „Битола мој роден крај“ во 2000 година беше прогласена за песна на векот во нашиот град .

Ајри Демировски