Во петок, на 29-ти октомври во 18.00 ч. во Центарот за култура голема сцена, ќе се одигра ТРИ, првата професионална претстава на знаковен јазик за глувонеми и наглуви лица во нашата земја на македонски јазик. Преставата е наменета за широката детска публика и истовремено за децата кои се глувонеми и наглуви. Актерите паралелно зборуваат говорно и на знаковен јазик.
Следните престави ќе бидат на 6, 7, 13 ноември, а потоа ќе следува и турнеја на претставата во седум градови низ Македонија.
Продукција: ATO
Режија: Јован Ристовски
Актери: Никола Пројчевски, Маја Андоновска Илијевски, Анастазија Христовска, Сандра Грибовска
Костимографија: Марта Дојчиновска
Шминка: Симона Ристевска
Дизајн на плакат:Димитар Ристовски
Толкувач на знаковен јазик: Сузана Станоевска
Поддржано: GIZ & Министерство за култура