Пингпонгарите на ППК Пелагонија од Битола со три бронзени медали се вратија од пингпонгарскиот турнир во Прилеп каде учествуваа над 90 натпреварувачи.

– Досега најдобро организираниот турнир во чест на легендарниот „Илија Карески“ во поглед на организација, тајминг, затоплување на салата, пречек на гости како домашни и странски, награди како и подароци благодарници и многу други работи кои немам време да ги набројам.

Секоја чест за организаторот и надеж дека ќе се продолжи оваа пракса и пример како и надеж дека овој турнир ќе стане традиционален и еден убав белег на градот Прилеп.

Освоени медали
У 15 Филип Ангела
У 21 Даниел Главевски
Сениори
Христијан Јовановски