На Балканскиот шампионат во Кик-бокс 2022 кој се одржа во Краљево, Србија во конкуренција со 240 такмичари од Црна Горе, Босна и Херцеговина, Словенија, Бугарија, Романија и Србија, нашите три натпреварувачи од КБК ЕНЕРЏИ кои учествуваа во склоп на репрезентацијата на Република Македонија освоија три медали и тоа:

Марија Димовска – 60кг бронза

Ивона Кецевска -60кг сребро

Филип Талевски -63.5кг сребро

Нивниот тренер, битолчанецот Александар Димовски Димсата не можеше само за себе да го сочува задоволството од освоените медали и истакна:

– Со ова ја завршивме првата полусезона и одиме на заслужена пауза од борби. Благодарност до сите кои не помагаа овие шест изминати месеци и без кои не би биле дел од сите овие натпревари и тоа Рудкоп, Стела, Портал, Чифлик, Аурум, Церера-Карамел
Кромберт и Шуберт – Битола, Плодност – Битола, СН Финансии, Гетоснакс и Енерџим фитнес центар.