На 7-мото издание од SERBIAN GRAPLING CUP во Кула, Србија нашиот Нинџутсу Клуб од Битола учествуваше со 4-ца такмичари и освои 3 медали (злато, сребро и бронза) во конкуренција со повеќе од 300 такмичари ширум регионот .
Севкупно 6 победи и 3 порази. Мали моменти одлучуваа во некои од борбите што ги загубивме, но тоа е она што во иднина ќе се подобри и ќе се демонстрираат подобри перформанси со гаранција.4 од победите на завршница (гушења и estima lock) и 2 победи на поени, 1 пораз на завршница и 2 тесни порази на поени каде тактичкиот пристап во борбата беше клучен за победата што овај пат не беше на наша страна но следен сигурно ќе биде многу подобро. Покрај повредени такмичари,сериозно тежок финансиски проблем да учествуваме на вакви настани што повеќе, цела ситуација со Ковид 19 случувањата задоволни од добрите перформанси од овај турнир продолжуваме да се бориме со сите фактори и препреки и го донесеме македонскиот граплинг на едно многу повисоко ниво.
Голема Благодарност до нашите главни помагатели за овај турнир кафе бар ВЕЗИЛКА и кафе бар АЕРО без кои нема да можевме да бидеме учесници и оствариме спортски достигнувања.
Секако Благодарност и до нашите главни спонзори KROMBERG & SHUBERT Битола и HELIOS MEDIKAL/CH ALPHA Скопје.