Компанијата Флекс Кредит постојано работи на развој на мотивациони програми за вработените, како што велат и од менаџментот на компанијата, веруваат дека само целосно задоволен вработен може да биде мотивиран, продуктивен и да расте и напредува заедно со компанијата.

Во таа насока, покрај богатата бенефициска програма која компанијата им ја нуди на своите вработени, втора година по ред, Флекс Кредит организираше Трговска конференција, на која присуствуваа над 150 вработени.

За повеќе детали за конференцијата поразговаравме со Директорот за продажба на Флекс кредит – Јоана Спасовска

Јоана Спасовска- Директор за продажба

“Конференцијата се одржа во Струга, во хотелот Дрим. Цел на Конференција беше да се прикажат остварените трговски и финансиски резултати на компанијата, да се врачат награди и признанија како и да се презентираат идеи и планови за понатамошно работење.Ваквите конференции служат и за меѓусебно запознавање, склопување пријателства, дружба и забава.

Вработените со најдобри резултати во својата категорија беа наградени со летувања за целото семејство на атрактивни дестинации во Египет, Турција и Грција.За само две години постоење прераснавте во една од најуспешните компании во вашата индустрија и се проширивте низ целата земја.

Како го постигнавте тоа?

Во Македонија Флекс Кредит започна со работа во мај 2020 година, во екот на Корона панемијата. Тоа беше период полн со неизвесност, владини рестрикции и паника како кај народот така и кај бизнис секторот. Бевме исправени пред голем предизвик, но успеавме да се прилагодиме на постоечката ситуација, да се справиме со сите препреки и да поставиме стабилни темели во еден таков нестабилен период и опкружување.
Работејќи интензивно, за помалку од две години постигнавме национална покриеност со педесет филијали. Станавме лидери на пазарот по бројот на филијали но и по реализираните финансиски резултати.
За овој огромен успех е заслужен енергичниот и мотивиран тим на Флекс Кредит, тим од професионалци водени од ентузијазам, упорност и посветеност во работењето кон исполнување на поставените цели.

Горан Арсов – Генерален директор

Горан Стојановски- Финансов директор

Наградени најдобрите Ареа менаџери:

Татјана Канлиева – Ареа менаџер

Јасна Николовска – Ареа менаџер

Ванчо Крмов – Трговски менаџер за правни лица

Виктор Јовчев – Ареа менаџер

Ангелина Васовска – Ареа менаџер

Како мотивациската програма влијае врз вработените на Флекс Кредит, поразговараме со Лилјана Бојковка – Менаџер за човечки ресурси во компанијата:

Како Флекс Кредит се грижи за своите вработени?

Грижата за нашите вработени отсекогаш била на прво место бидејќи задоволството на вработените за нас претставува приоритет. Се стремиме да бидеме рамо до рамо со светски познатите компании преку воведување на современи HR практики кои што допринесуваат вработените да се чувствуваат уште поубаво на работа и да се горди што се дел од тимот, водејќи се од мотото “задоволни вработени, уште позадоволни клиенти”.

Нашите колеги се амбасадори на нашиот бренд и истото задололство го пренесуваат кога ја претставуваат компанијата со што допринесуваат за формирање на позитивно корисничко искуство на клиентите.
Осовременување и уредување на работниот простор во модерен и функционален, воведување на иницијативата “Препорачај пријател” со цел да ги донесеме најдобрите вработени во нашето деловно опкружување, подароци за новороденче/ склучен брак/ роденден, пакет за добредојде во компанијата, покачување на платите во сите сектори, патување на светски познати дестинации, незаборавни тим билдинзи, платени обуки за доусовршување, програми за враќање на работа по породилно отсуство и уште многу новитети за кои може да дознаете доколку се приклучите во нашиот тим.
Отворени работни позиции:
-Главен сметководител
-Проект менаџер
-Оператор за телефонска наплата на долгови
-Аплицирање за влез во база на кандидати
Те чекаме да ни се придружиш во тимот!Посветете квалитетно време за да им дадете признание и да ги наградите вашите вработени, а тие ќе ви возвратат на илјада начини… е мотото по кое се води менаџментот на Флекс.