Некогаш не сме ни свесни, дека некогаш на прв поглед обични моменти се всушност преполни со магија. А Битола ги има премногу.
Овој петок во Градската Кафеана на Хотелот Епинал, се случува уште една магична вечер режирана од страна на шефот Видоевски, кој што приготви мени составено од неодоливи вкусови.
Овој пат како предјадење ќе бидат послужен карпачо од бифтек со авокадо и пармезан, Маринирана моцарела со свежи јаготки е нешто што мора да се проба, додека пак како главно јадење ќе биде послужена хармонија на вкус од свински бифтек со мед и праски.
Вкусните десерти во Градската Кафеана им се веќе добро познати на битолчани!
Сите овие вкусови ќе се залијат со веќе проверени вина од Тиквеш, па гостите ќе имаат прилика да ги пробаат Grenache Blanc Special Selection, Chardonnay Oak Edition, Alexandra Cuvée Rosé, Vranec Special Selection, Temjanika Special Selection.
За да хармонијата биде комплетна, задолжена е група Зарина, која што ќе ги забавува гостите со познатиот македонски мелос.
Цената на менито е 1190 мкд, а за резрвација побрзајте на телефонскиот број +389 47 224 770
Повелете на еден нов пресврт со модерен концепт и прекрасни специјалитети приготвени од нашиот врвен Шеф на кујна Александар Видоевски.