Денес во Сплит, се одржа традиционалниот Сплитски маратон во организација на клубот Марјан, на кој учествуваа и битолчаните Сашо Попоски, Кирку Сотировски, Валентин Митровски
и Дејан Лазаревски, членови на ПЕГ “Турниме да кинисам”.
Битолскиот Широк Сокак денес беше заменет за трчање со Сплитската рива.

Тие ја истрчаа полумаратонската трка. А, учеството го искористија за афирмација на битолската градска трка ТРЧАЈ БЕ на овој голем спортски настан.

Инаку ТРЧАЈ БЕ оваа недела ја објави датата за трката во 2020 година. На 13 септември Битола по втор пат ќе ја собере балканската атлетска елита, но и бројни вљубеници на трчањето.

Се гледаме на Трчај бе.