Традиционалната алва која кај Асан слаткарот се продава повеќе од 50 години е достапна и сега во Битола за христијанскиот празник Прочка. Постарите генерации битолчани се уште се сеќаваат на нејзиниот префинет вкус кој уште од рано детство е врежан во нивните убави мемоари кога заедно со нивните родители ја врзувале тркалезната алва со конец на сукало и во круг „амкале“ со неа за празникот Прочка.
Слаткарницата Ат- Пазар е битолски бренд уште од раните 1958/60-ти години во Битола кога во цел град постоеле пет до шест слаткарници. Таа е еден од најстарите дуќани во нашиот град, на исто место со исти газди до ден денес.
Поврзано: