Битолчанецот Томи Димовски преку современите алатки на вештачката интелигенција ѝ дава нова димензија на родната Битола. Неговите АИ видеа претставуваат уникатен спој на технологија и културно наследство, оживувајќи сцени од минатото и претставувајќи ја градската убавина на еден поинаков, современ начин. Со својата работа, Димовски ја става Битола во фокусот на една глобална дигитална приказна BT TIME MACHINE

Од каде ја доби инспирацијата да ја „оживееш“ Битола со вештачка интелигенција?

Му праев на внучето анимација кај шо јава диносаурус и спонтано видов колоризирана слика од Музејот од турски времиња после то. То беше моменто. Имав некоја фри пакистанска програма. Ги напрај турците кинези ама битно ги оживи. То ми беше почетната идеја и каписла на самиот почеток

Како изгледа процесот од идеја до готово АИ видео?

Не би го нарекол аи видео. Можеби на почетоците, сега веќе не. Сега преминва во арт. Многу шо не се запознаени мислат го фрлаш телефоно и аи сам дешава. Има 300 технички припреми на сликите пред да бидат придвижани така како шо си имаш замислено и режирано во себе. И самото придвижвање го манипулираш ти во секој сегмент и фрејм, како да изгледа. Едноставно си режисер, кој со нула реални глумци создава нешто од ништо, и ја остварва својата имагинација. Така да, вештачката интелегенција нема интелефенција, авторот ако нема интелегенција

Што најмногу те трогнува кога правиш споредба „некогаш и сега“?

Ме трогнува то шо на нај познатите објекти и хотели од стара Битола, сега растат сливи на фасадите. Објекти шо преживеаја 2500 гранати дено во прва светска војна, со 150 год историја, сега можи јачмен да одгледваш на нив.

Како реагираат Битолчани и дијаспората на твоите видеа?

Дијаспората уште ме нема запознаено, пошто неќам да се форсирам со сила во дијаспорски групи. А битолчани, битолски. Некој се воодушевени, некој хејтат. Обично тие шо хејтат се 2 групи на битолчани. Цртачите со раце, кои ги мрзи да седнат и да ги научат новите технологии и потенцијалот за АРТ кој шо го нудат . Другата група се битолчаните шо клават флопи диск во цедеромот

Дали планираш да ги обединиш овие проекти во поголем концепт, како виртуелен музеј на Битола?

Не планирам уште такви Големи идеи. Едноставно си дешавам спонтано, и ме води љубовта кон Битола. Ако во иднина соберам доволно ” материјал” и дела зошто да не. Прекрасно и уникатно би било. Посебно за новите “модерни” генерации шо немат внимание да читат книги, али ги задржва она визуелното. Можи, можи, интересна идеја за иднина

Како ја гледаш улогата на вештачката интелигенција во зачувувањето на културното наследство?

Исто како шо со новите технологии се реставрираа пред некој месец сите слики на Манаки шо буквално се распаѓаја. Сега се вечно спасени од забот на времето. Кога веќе не можиме реално да го спасиме културното наследство, да се проба дигитално и виртуелно нели?

Како си задоволен од поддршката на твоите сограѓани преку едно обично допаѓање, споделување, парична помош симболична, совети и идеи?

Има прекрасни несебични луѓе шо си го сакат градо многу. Луѓе огромни стручњаци и професионалци. Луѓе шо многу ме упатија и ми поможија на старт во техничка смисла во однос на совети. Имаме во градо огромни иновативци. Али грото битолчани не се замарат за ништо поќе од кафе. “Енего онај улајо шо прај видеа за Битола” е она нај битолското. Парична помош со наш менталитет не ни очекувам, немам ќар од ова шо го прам. Земам кредити на крај на месец за да можам да користам алатки. То не го сваќа никој. Али љубовта кон градо е најсилна . Единствено шо сакам не е парична помош. Сакам да сум остаен на мира, да си прам видеа, и да не ми се кради и копира концептот и идејата. Не можите да ископирате, пошто се прајте за хајп и пари. Јас го прам од љубов кон градот и уметност кон душата. Уживам, и нема да запрам . Поздрав и фала за посветеното време и внимание. BT TIME MACHINE TM

САКАМ ДА СОЗДАМ ВИРТУЕЛЕН ПАРАЛЕЛЕН БИТОЛСКИ УНИВЕРЗУМ КОЈ ШО Е СОВРШЕН. МОЖИ НЕКОЈ ЌЕ СЕ ИНСПИРИРА ОД НЕГО И ЌЕ ПРОБА ДА ГО ПРЕТОЧИ ВО РЕАЛНОСТ.