Најнискиот битолчанец кој го памети нашата историја е Теохари (Тохари) Михајловски кој е родум по мајка и по татко од битолското село Маловишта. Судбината за него не била многу милостива и од сам почеток тој израснат е во дом без родители заедно со неговите браќа Ѓорги, Томе и сестра Наталија.

Работеше во Жито Битола, но бил присутен и во други битолски мензи како кувар во Хотел Македонија, одговорен за исхраната за време на теренските активности на битолската ПТТ и др. Според кажувањето на неговиот внук Сотир Котевски Тохари бил голем боем и љубител на дружењето, врвен мајстор во кулинарство заради што бил и многу баран.

Како што раскажуваат и старите битолчани бидејќи бил низок тој се качувал на столче за да го меша тоа што го подготвува. Како негова симболика била беретката која секогаш ја носел на неговата глава. Живеел на улица М. Т. Живкови во т.н. Ѓупска маала која се наоѓа под Камен Мост.Теохари Михајловски на средина

По раскажувањето на битолскиот новинар и хроничар Петар Ставрев Тохари бил неразделен другар со Манди највисокиот битолчанец во тоа време. Судбината била таква што и двата починале во ист ден.

Меѓу битолчани со години останало за многумина кои биле со низок раст да ги викаат на прекар Тохари.


Денешното негово вечно почивалиште е во Буковските гробишта каде се наоѓа и неговата сестра Наталија.


Од нашето истражување за оваа култна битолска личност ги добивме само овие оскудни податоци, бидејќи починал на околу 60 годишна возраст. Сегашните постари битолчани тогаш биле многу млади и за жал кај нив не останаа многу сеќавања. Остана и мала детска песнопојка каде се спомнува “Тохари нема пари за цигари… “.

Доколку имате нешто повеќе слободно надоградете ја оваа мала приказна како една мала почит за најмалиот битолчанец….

Фотографија на Јорго Шијаков во групата СТАРИ БИТОЛЧАНИ.
Голема благодарност и до Владимир Хаџи-Јовановски Беби, проф. Александар Стерјовски и Петар Ставрев. Ова го оставаме тука нека стои како мал дел од битолското минато.