Тимот со пет спасувачи од Битола специјално обучени за пребарување и спасување, кој е во состав на Републичките сили за заштита и спасување при Дирекцијата за заштита и спасување после седумдневно активно пребарување и вкупно девет дена престој во Турција се со 2000 км пред нив за да се вратат дома. Петар, Владо, Пипи, Игор и Зоран со припадниците на AFAD заедно учествуваа во спасување на 38 годишна жена која пет дена беше во урнатините, за што нивната мисија се покажа дека е успешна бидејќи е спасен макар и еден човечки живот. Нашите битолчани учествуваа и во извлекување на над 80 мртви тела од урнатините во градот Адијаман.

Со потрагата на евентуално преживеани е завршено на оваа локација и веќе багерите започнаа со расчистување.