Битола се подготвува за отворање на градскиот стадион Петар Милошевски, каде општина Битола во соработка со Камерен Оркестар на Битола го организира спектаклот The Stars Symphony, а како дел од настанот е и првата детска олимпијада која е во соработка со ⋮IWConnect. Слоганот на олимпијадата е „Ај на Олимпијада во Битола”, а заштитно лице на истата е пелистерскиот рис Менде.

Со организацијата на оваа олимпијада, ⋮IWConnect уште еднаш покажува дека вложува во локалната заедница и сака да ги поттикне најмладите на спорт и спортски активности уште од најрана возраст. Во исто време оваа олимпијада ќе ги инспирира токму најмладите да сонуваат, да поставуваат високи цели и да ги остваруваат, а исто така и да се забавуваат.

Настанот ќе се случи на 3 јули на помошното игралиште на градскиот стадион во Битола со почеток во 18:00 часот. Учеството на олимпијадата е бесплатно и е наменето за деца од 5 до 10 години. Во рамките на олимпијадата децата ќе имаат можност да учествуваат во четири групи на детски игри.

Битола од секогаш била град во кој се негувал спортот и спортскиот дух, па со организирањето на оваа детска олимпијада и отворањето на новиот стадион се одличен начин да го заживееме тој спортски дух повторно. „Мини олимпијадата не е само олимпијада туку настан со кој ги повикуваме родителите да го разбудат спортскиот дух кај своите деца, а во исто време и апел да се организираат што повеќе настани во градот, бидејќи Битола тоа го заслужува.” – велат од ⋮IWConnect.

„Мини олимпијадата не е само олимпијада туку настан со кој ги повикуваме родителите да го разбудат спортскиот дух кај своите деца, а во исто време и апел да се организираат што повеќе настани во градот, бидејќи Битола тоа го заслужува.” – велат од ⋮IWConnect.

За наше големо задоволство бројката на планирани учесници се пополни за помалку од 24 часа, а тоа е јасен показател дека на Битола ите како и недостасуваат настани од ваков тип.

Сите детали за олимпијадата ќе ги најдете тука: https://iwconnect.com/kids-olympics.

Ајде да ја напрајме Битола најуба на 3ти Јули заедно со Менде!