Во периодот од ноември 2018 до јули 2019 година, 22 млади луѓе од Пелагонискиот регион имаа можност да се едуцираат и да имплементираат иновации преку креирање на стартап идеја која понатаму ќе може да ја развиваат во сопствен стартап. Учесниците беа вклучени во 12 работилници со екперти од обласитите програмирање, хардвер, развој на стартап, брендирање и дизајн, и веб дизајн. Проектот понатаму продолжи со менторски сесии за време на кои учесниците имаа можност да ги развијат своите стартап идеи, да креираат бизнис модел, бизнис план и финансиска проекција за нивните стартап идеи. Учесниците се поделија во 7 тимови кои работеа на својата стартап идеа, водени и менторирани од предавачите.
Како една од завршните активности од “Тех-стартап училиште”, од 23-ти до 26-ти мај се одржа камп во хотел Дрим во Струга со сите учесници и ментори од проектот. На кампот, учесниците имаа можност за видео коференција со Програмскиот директор на бизнис инкубаторот 1776 во Вашингтон ДЦ, Џесика Каинг на тема „Влез во стартап светот на Вашингтон ДЦ“, тимовите креираа краток бизнис план за својата стартап идеја и работеа на презентација на истата. На кампот тимовите ги презентираа своите стартап идеи со претставување на бизнис моделот и планот, како и демо или прототип на нивната стартап идеја.
“Тех-стартап училиште” успеа да резултира со креирање на 7 нови стартап идеи, 2 во фаза на идеја, 4 во фаза на демо верзии и 1 во фаза на прототип. Успехот на проектот се состои примарно во инспирањето на младите и поддршката на нивните идеи. За тимот на ГЕТ ИНОВАЦИЈА Битола, можноста младите да видат дека нивните идеи се поддржани и остварливи е најголемиот придонес на проектот.
“Тех-стартап училиште” продолжува да постои како проект и во иднина, особено преку поддршката и следењето на успехот на младите луѓе и во идниот период. Една од најважните придобивки на проектот е креирањето на Стартап информаторот кој има за цел да ги обедини експертите од стартап сферата во земјата, се со цел подигнување на интересот за развивање на стартап идеи кај младите луѓе. Погледнете го овој документ на следниот ЛИНК.
„Тех-стартап училиште“ е проект поддржан преку грантовата програма на Комисијата за демократија при Амбасадата на САД во Македонија, имплементиран од Здруженито за информатичко едуцирање „ГЕТ Иновација“- Битола. Видео приказната за проектот е достапна на следниот ЛИНК.
За повеќе информации за проектот, посетете ја официјалната веб страна на „Тех-стартап училиште“: www.techstartupschool.mk