Заборавени битолски обичаи: Тајане-Бојане
Со празникот Иванден е поврзан и обичајот Тајане-Бојане, што се изведувал во повеќе краишта на Македонија,меѓу кои од последните неколку и во битолско. Имено вечерта спроти Иванден момчиња и девојки собирале билки со кои закитувале едно ѓумче и го полнеле со вода од три чешми. Едно од нив на возраст од 10-12 години го носело […]