Битолчани најдобро ќе ви кажат зошто вечер се игра комар
Ако за поголемиот дел од Македонија празниците завршија, во Битола и околината најинтересното допрва доаѓа. Стара Нова година и Василица таму се слават со многу јадење, пиење, комар, друштво, мазник со паре, дружење до рано наутро… Вртењето на мазникот (вртена пита) вечерта на 13 јануари се прави меѓу пријателите. Секоја година се собира истото друштво […]