Шампионка во тенис од Вимблдон, Ролан Гарос, УС Опен и светски рекет број еден која на колена ја има декласирано дури и Серена Вилијамс е Симона Халеп од Романија, по потекло Влаинка чии предци емигрирале од битолското село Маловишта.

Власите од Македонија и Грција масовно почнале да се селат во Романија во дваесеттите години од минатиот век кога Романија била во силен подем.

Преселувањето продолжило и по Втората светска војна. Градот Констанца на брегот на Црно Море од каде што е Халеп, е еден од најголемите влашки центри во земјата.

Пред 10 месеци на нејзината 29 годишна возраст се омажи за македонскиот богаташ Тони Јурук (42), кој е 13 години постар од неа.

Јурук е Влав истотака по потекло од Македонија и познат бизнисмен, сопственик на неколку компании. Се венчаа после три годишна врска. .

Не е познато дали до сега го има посетено родниот крај од каде што е нејзиното потекло.