Денес на денот Крстовден (27.09.2020) на месноста наречена Голема Стена која се наоѓа над селото Ниже Поле се изврши осветување на крст. Крстот се наоѓа на карпа над манастирчето посветено на Света Петка, а веднаш под Бабин Заб.
Идејата за поставување и изградба на крст се роди пред околу два месеци при средба на четворица вработени на Синпекс ДОО Битола.
Двајца од нив се постојани жители на ова село. Нивната идеја ја презентирале пред менаџментот на СИНПЕКС-Битола кои истите со воодушевување ја прифатиле. Од нив ја добиле целокупната подршка за реализација на овој проект.
Крстот кој е придружуван и од параклис во чест на Света Петка беше поставен на 26.08.2020. За неговото осветување беше одлучено да се изврши денес на Крстовден.
Од местото каде што е поставен крстот на надморска височина од околу 1200 метри има прекрасен поглед кон селото, Црвени Стени и другите врвови на Баба планина.
Голема благодарност до Игор Петровски и ДООЕЛ Синпекс Битола